АМЕРИКАНЕЦОТ ВЕРУВА ВО СВОЈОТ „КЛИЕНТ"

АГАСИ ИМА ПЛАН: Новак има 90% да биде повторно најдобар

Легендарниот американски тенисер очекува напредок од Ѓоковиќ по неговото враќање на теренот, дури и до врвот...

објавено: 13 ноември 2017 - 19:30

Некогашниот број 1 во светскиот тенис, Србинот Новак Ѓоковиќ најави играчки кам-бек, и тоа кон крајот на годината, на егзибициите во Абу Даби.

А неговиот тренер, Андре агаси со кој почнаа соработка пред почетокот на Ролан Фарос верува дека Ноле има големи шанси повторно да биде најдобриот тенисер во светот.

„Новак има 90 проценти шанси повторно да биде најдобриот. Тоа може да го направи и без мене. Но исто така знам дека ако научи некои работи да ги реализира поинаку, ако промени 10 % од нив, може да биде уште подобар" - смета легендарниот Американец.

Но не застанува тука...

"Секој пат кога ќе стапне на теренот имам чувство дека ќе победи. Тоа е она што очекувам да го прави. Поминуваме време заедно и подготвени сме на одлуки кои би донеле промени во неговата игра. Од начинот на кој размислува на теренот до 'оружјето' кое сум подготвен да му го дадам".

Покрај Агаси, во наредниот период Ѓоковиќ би требало да ангажира уште еден тренер кој би постојано со него, на сите оние патувања од едниот до другиот крај на светот.

„Играч не може да се смета за најдобар на сите времиња ако некој ривал го победувал толку пати. Мојот избор е произволен исто така би можел да брана и некое друго спротивставено мислење, дека на пример, Федерер е најдобриот. Тоа е дебата која нема рационална основа. Сето тоа некако се сведува на 'што ако'. Тоа е само расправање. Федер е навистина единствен. Игра поинаков тенис. Ви дава чувство за контрола, и има решение за секој проблем. Не можеме да негираме дека ќе го одбележи овој спорт за сите времиња"- додава Агаси на темата кој е навистина најдобриот, бројот еден на сите времиња, ако такво може да се одреди.

 

Најново во Други спортови