НА ТУРНИРОТ ВО БИЛ

Ако Лина победи, може да игра против Мартина Хингис

Во конкуренција на двојки, македонската тенисерка со својата партнерка Анастасија Комардина треба да победат денеска и ќе имаат можност да играат против некогашната најдобра тенисерка во светот

објавено: 12 април 2017 - 10:35

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, денеска од 14 часот ќе игра во двојки на турнирот во Бил, Швајцарија. Ѓорческа заедно во тандем со Анастасија Комардина од Русија ќе играат против двојката Мертенс/Ватсон. Белгиско/британскиот тандем ја има улогата на фаворит, но Ѓорческа и Комардина сигурно нема предвреме да се предадат. 

Дополнителен мотив за победа е и фактот дека двојката која ќе триумфира, во следното коло ќе игра со подобриот од дуелот каде е и некогаш најдобрата тенисерка во светот, Мартина Хингис. Легендарната Швајцарка е тандем со сонародничката Тимеа Башински. 

Најново во Други спортови