САНКЦИИ ЗА ОНИЕ КОИ САКААТ ДА СЕ „ШЛЕПУВААТ"

Ако се повлечеш од Вимблдон во првото коло, ќе добиеш помалку пари!

Организаторите на нефоциијалното светско првенство на трева објавија дека комплетниот награден фонд на овогодинешното издание на најголемиот турнир на светот ќе изнесува 34.милиони фунти, што е пораст за 7.6 % во однос на минатата година...

објавено: 2 мај 2018 - 16:45

Победниците во двете конкуренции ќе добијат по 2.35 милиони фунти што е за 50.000 повеќе во однос на она што лани го добија Роџер Федерер и Гарбиње Мумуруза како шампиони.

Челниците на најстариот Грен слем исто така издадоа предупредување на тенисерите кои ќе се појават на терените се „Сеанглискиот клуб" во Лондон ако влечат повреди.
Доколку свесно влезат на главниот жреб, а се повлечат за време на меч од првото коло, тенисерите нема да ги добијат парите предвидени за пораз.

Таква промена се наметна после неколку повлекувања на почетокот на самата акција ов престолнината на Велика Британија.

„После повлекувањето во првото коло, порачано ни е како треба да реагираме, и ние го направивме тоа"- вели извршниот директор на Вимблдон, Ричард Луис. "Имавме големо влијание на усвојување на правилото 50-50 и се надеваме дека неговото воведување ќе има значителна улога со проблемот со повлекувањето во првата рунда".

Според новото правило, доколку повредениот тенисер се повлече во четврток попладне, пред почетокот на натпреваруавњњто на Вимблдон, ќе добие 50% од наградата која му следувала за учество во првото коло .
А популарно наречените "лаки лузери" ќе ги добијат оние преостанати 50% од предвидените парични средства.

 

Најново во Други спортови