ДУЕЛ НА ДВЕ ГЕНЕРАЦИИ ВО КАНАДСКОТО ФИНАЛЕ

Алекс Зверев ќе го предизвика Федерер во Монтреал

Неверојатната година на Роџер Федерер продолжува на Роџерс купот во Монтреал, каде што тој се пласираше во финалето по лесната победа над Холанѓанецот Робин Хасе

објавено: 13 август 2017 - 10:00

36-годишниот Федерер имаше девет аса и зауби само девет поени на свој сервис при 6:3/7:6(5) победата во меч кој траеше 75 минути, за да стигне до 16 победи во низа, негова најдобра серија последните пет години.

„Возбудливо е да се биде назад во ова финале. Малку изненадувачки, бидејќи да бидам искрен, не тренирав многу“, вели Федерер, кој оди на трета канадска победа (по 2004 и 2006) и 27. Мастерс 1000 титула

Во финалето на Федерер ќе му се спротистави Германецот Александер Зверев, кој стави крај на турнирот од соништата на 18-годишниот Канаѓанец Денис Шаповалов, победувајќи со 6:4/7:5. 20-годишниот Зверев има освоено четири титули оваа година.

Најново во Други спортови