МАКЕДОНИЈА ИМА ГОЛЕМА НАДЕЖ

Амар Хусеиновиќ го подигна пехарот во Србија, без загубен сет против тенисери две години постари од него

На повидок е нова голема надеж. Македонскиот тенисер, Амар Хусеиновиќ е победник на отвореното првенство во Белград за деца до 12 години. 

објавено: 9 март 2018 - 11:30

Од Србија доаѓаат одлични вести за македонскиот тенис. Амар Хусеиновиќ влева надеж дека имаме иднина во овој спорт. Ова десетгодишно момче кое е член на клубот МТП го освои отвореното првенство во Белград за тенисери до 12 години.

Успехот е уште поголем, ако се земе во предвид дека за Хусеиновиќ ова е прв меѓународен турнир, на кој противниците беа речиси две години постари од него. До пехарот дојде доминантно без да загуби ниту еден сет. Во финалето беше подобар од Владо Јанкањ со 6-3 и 6-0, а додека во полуфиналето имаше лесна задача. Откако првиот сет го доби со 7-5, во вториот, по водството од 3-0, противникот го предаде мечот.

РЕЗУЛТАТИ

Финале
Амар Хусеиновиќ – Владо Јанкањ 6-3, 6-0.
Полуфинале
Амар Хусеиновиќ – Алекса Петровиќ 7-5, 3-0 (Петровиќ го предаде мечот)

 

 

Најново во Други спортови