Ноле не се извлече

АТП го казни Ѓоковиќ

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ не се извлече и заработи казна од АТП.

објавено: 9 јануари 2017 - 14:26

Новак Ѓоковиќ на финалниот турнир во Доха беше доста нервозен, а во еден момент тој го скрши рекетот и со топката погоди еден од гледачите во публиката. Иако српскиот тенисер веднаш се извини, сепак на крајот се соочи со последиците.

Поради инцидентот што го приреди, АТП му изрече казна од 2,500 долари.

„Признавам дека направив грешка, иако немав такви намери. Се случува топката да ги погоди луѓето во публиката кои се наоѓаат во првите редови, некогаш и поради силниот сервис. Ова е нешто што не смее да ми се случи. Ги пригаќам последиците", изјави Ѓоковиќ, кој во финалето на Доха го победи Енди Мареј со 2:1 во сетови и ја освои 67. титула во кариерата.

Најново во Други спортови