ОТКАКО ГО ПОТВРДИ НАСТАПОТ

Австралијан опен го понижи Ѓоковиќ

Организаторите на Австралија опен целосно го заборавија српскиот тенисер и шесткратниот освојувач, Новак Ѓоковиќ и покрај тоа што го пријави своето учество и ќе се врати на терените по повредата 

објавено: 11 октомври 2017 - 09:55

Организаторите на Австралија опен целосно го заборавија српскиот тенисер и шесткратниот освојувач, Новак Ѓоковиќ и покрај тоа што го пријави своето учество и ќе се врати на терените по повредата. 

Откако претходно на официјалниот сајт беше соопштено дека Енди Мареј и Ноле ќе бидат во Мелбурн, на  „Твитер“ профилот организаторите направија голем кикс, што пак ги налути фановите на српскиот тенисер. 

Надал, Серена, Федерер, Венус, Мареј, Халеп...Најдобрите се враќаат во Мелбурн“, стоеше на Твитер профилот.

Според многумина овој потег е доста понижувачки особено ако се земе во предвид дека Ѓоковиќ има шест титули на Австралијан опен.

Најново во Други спортови