БОРБАТА ЗА СТАРАТЕЛСТВОТО ЌЕ ЈА СПРЕЧИ ТЕНИСЕРКАТА

Азаренка нема да игра на УС опен?

Поранешната светска тенисерка број 1, Викторија Азаренка нема да настапи на УС опен поради судската битка за старателство на нејзиниот деветмесечен син Лео, тврди американскиот веб-сајт „ТМЗ"

објавено: 12 август 2017 - 13:30

Поранешното момче на Азаренка, Американецот Били Меккиг побарал старателство на синот во судот во Лос Анџелес по раскинот на врската минатиот месец, а судот во Калифорнија пресуди дека Азаренка не може да го изнесе синот надвор од Калифорнија додека трае случајот, а одлуката треба да се донесе во октомври.

Азаренка беше финалистка на УС опен во 2012 и 2013 година, но нема играно на турнирот од 2015 година. Двократната шампионка од Австралискиот опен не сака да го остави синот, кој го доеше до минатиот месец, со таткото бидејќи не верува дека Меккиг е способен да се грижи сам, тврди веб-сајтот.

Адвокатот на Азаренка, Лора Васер, понудиа билет и хотелска соба во Њујорк за Меккиг за време на УС опен, но судијата го отфрлил овој предлог.

Најново во Други спортови