БЕЛОРУСИНКАТА СЕ ВРАЌА НА ТЕНИСОТ

Азаренка сака борба на мајките со Серена

Викторија Азаренка вели дека едвај чека да го продолжи своето ривалство со блиската пријателка Серена Вилијамс во идна борба на „тениските мајки"

објавено: 20 јуни 2017 - 18:19

Првпат, Азаренка, која има 4-17 скор против Вилијамс, е чекор напред, откако се породи со својот син Лео во декември, нешто што претставувало пресврт од 180 степени во нејзиниот живот. Додека Азаренка полека ги прави првите тениски чекори на турнирот во Мајорка, бебето на Серена треба да се роди во септември.

„Пријателка сум со Серена долго време и навистина сум среќна за неа. Прво кога слушнав дека е бремена си помислив дека веќе нема да играм против неа, но потоа дознав дека планира да се врати и се надевам дека ќе се судриме повторно“, вели Азаренка.

27-годишната Азаренка во минатото беше една од најконкурентните тенисерки на светот, целосно посветена на тенисот, но сега вели дека работите се смениле.

„Откако го имам Лео, животот ми е свртен за 180 степени. Уживам во тоа што сум мајка, но сега имам два менталитети. Кога ќе сум на теренот, единствената причина е тоа што го сакам спортот и сакам да победувам. Но, потоа се исклучувам. Тоа беше тешко во минатото - ќе се вратев дома и ќе гледав тенис, ќе зборував за тенис, ќе гледав на Интернет за тенис. Сега, со Лео, лесно се заборава. Имам среќа што добро спие“, вели Азаренка.

Најново во Други спортови