СЛАВНИОТ ГЕРМАНСКИ ТЕНИСЕР Е ВО ФИНАНСИСКИ ПРОБЛЕМИ

Бекер ги продава трофеите, должи 61 милиони евра!

Некогаш беше најдобар, а сега мака мачи да ги покрие долговите

објавено: 5 октомври 2017 - 09:15

Прославениот германски тенисер, Борис Бекер е во сериозни финансиски проблеми. По последните направени пресметки, Бекер должи 61 милиони евра. Во направениот извештај стои дека долговите може да бидат и уште поголеми. 

Според направениот попис, Бекер поседува недвижности во вредност од 540.000 евра, автомобил „Порше“, мебел вреден 200.000 евра, како и часовници чија вредност е 41.000 евра. 

На листата на сопственост на Бекер, се наоѓаат и трофеите кои тенисерот ги има освојувано во текот на 15 години долгата кариера. Сите три трофеи освоени на Вимблдон ќе бидат меѓу предметите кои ќе се стават на аукција.

Најново во Други спортови