СЕ ЈАВИ ГЕРМАНЕЦОТ, ВЕРУВАЛ ВО СРПСКИОТ АС

БЕКЕР: Новак би сакал да е како Рафа и Роџер

Некогашната тениска ѕвезда соработуваше со Србинот во период од 2014 до 2016 година кога „заеднички" освоија шест Грен слем титули.

објавено: 16 јули 2018 - 21:00

„Дали Ѓоковиќ ја добива онаа почит која ја имаат Федер и Надал? Мислам дека не. Сите ги сакаат Роџер и Рафа, но само го почитуваат Новак. Тоа ми смета, тој тоа го сфаќа лично, таков е неговиот карактер. Би сакал спрема него сите да се однесуваат како спрема најголемите ривали" - рече Бекер по освоениот четврти Вимблдон на српскиот тенисер.

После две години, вчера Ѓоковиќ стигна до својот 13. Грен слем пехар во кариерата.

„Секако дека Новак се врати. Ако не мисли на тоа после освојувањето на Вимблдон, кога ќе биде тоа? Многу прашања се поставуваа пред почетокот на овој турнир. Се сомневам дека веруваше дека може да ја освои титулата. Но победата над Надал во полуфиналето ја направи разликата. Ја врати вербата кај него. Нема причини сека да не го продолжи низот. Следува сезона на бетон, Тоа е неговата омилена подлога, а го обожува УС Опен. Нема причини да не освои уште некој Грен слем во наредните две или три години. Ќе размисли за распоредот во текот на летото. Во прилика е самиот да одредува каде ќе игра и како да се подготви најдобро за УС Опен" - смета Германецот.

Не заборави Борис Бекер на уште еден битен момент-семејната идила на Ѓоковиќ.

„Убаво е да се види како влезе во годините кога слави со семејството и со пријателите. Тој не пие, па нема да го видите како наздравува со пиво. Но затоа танцува, се радува, се смее, и ги прегрнува сите по ред".

Со победата на терените на Ол Ингланд клубот, Ѓоковиќ се врати меѓу десетте најдобри тенисери на АТП листата.

Најново во Други спортови