ГЕРМАНСКАТА ЛЕГЕНДА ЗАДОВОЛНА ОД ЛЕЈВЕР КУПОТ

Бекер: Новак и Енди сигурно ги гледаа Федерер и Надал

Многу тениски „фаци" го коментираа Лејвер купот во Прага овој викенд, и многу од нив не беа најсреќни од егзибицискиот турнир кој ги собра најдобрите тенисери од Европа и остатокот на светот

објавено: 25 септември 2017 - 19:25

Поранешниот француски тенисер Марк Жиквел, кој имаше најдобар рејтинг на 38. место во 2009 година, вели дека не е фер тенисерите да се повлекуваат од редовните АТП турнири за да играат на егзибиции.

„Шаповалов не играше во Орлеан, Бердих во Шенжен, и наместо тоа играа на Лејвер купот. Повлекување од турнир доаѓа во предвид само кога не можеш да играш“, вели Жиквел.

Тренерот на Стен Вавринка, Швеѓанецот Магнус Норман, поранешен светски број 2, се согласува.

„Не ги заборавајте нашите големи турнири за поени и трофеи. Во Мец и Санкт Петерсбург беше празно оваа недела“, напиша Норман.

Еден поранешен тенисер се радуваше на турнирот - Борис Бекер. Германецот вели дека шансата да се видат Федерер и Надал како играат двојки била бесценета.

„Колку возбудливи беа двојките! Потребно ни е повеќе од ова. Имам чувство дека Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј го гледаа ова“, вели Бекер.

Најново во Други спортови