ЛИСТАТА НА ОТСУТНИ ЗА ГРЕН СЛЕМОТ ВО ЊУЈОРК СЕ ШИРИ

Без Раониќ во Америка

Канадскиот тенисер на својот Инстаграм профил објави дека поради константни болки во пределот на зглобот на левата рака го пропушта натпреварувањето на УС Опен.

објавено: 24 август 2017 - 11:50

Милош Раониќ нема да биде дел од тенискиот караван кој за кратко време ќе се пресели во Америка и ќе биде дел од отвореното првенство на САД.

Канадскиот тенисер со потекло од бивните Ју простори (роден во Подгорица), на својот Инстаграм профил објави дека нема да игра на овој грен слем турнир.

Како што знаете, постојано се борам со оваа повреда, болната состојба со левиот зглоб, кој ме мачи неколку недели, и ме на тера да се повлечам од турнирот во Синсинати. Се обидов да се рехабилитирам за УС Опен, кој за мене е посебен. Но болката е преголема и во консултации со својот лекар, не ми остана ништо друго туку да се повлечам"- стои на постот на Раониќ.

Оваа година Канаѓанецот стигна до четвртфиналето на грен слем турнирите во Австралија и на Вимблдон, а на Ролан Гарос беше елиминиран во четвртото коло.
Најдобар пласман во Њујорк му е „влезот" во четвртата рунда (во три наврати).

Најново во Други спортови