ВО СВОЈ СТИЛ, СРБИНОТ ГИ ИСПОЧИТУВА ДОМАЌИНИТЕ

Босиот Ноле си посака среќа во Шангај, по кинеска традиција, се разбира (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ е подготвен да го стартува Мастерсот во Шангај. Но пред почетокот не ги заборави древните обичаи во најмногубројната земја на светот.

објавено: 9 октомври 2018 - 17:00

„Древна кинеска традиција на заливање на ова снажно и мудро дрво за среќа, со вода од стар извор“- напиша популарниот Ноле во описот на видеото кое го постави на својот Твитер профил.

За потсетување, еден до најдобрите тенисери на светот го започнува завршниот тениски турнир во Шангај во дуелот против Французинот Жереми Шарди. 

 

 

 

Најново во Други спортови