Чудна ситуација

Боза „Ози опен“ - Кај дамите од Топ-15 носителки остана само Остапенко со гренд-слем титула

Елиминацијата на Гарбиње Мугуруза и нејзиниот пораз од Су-Веи Си доведе до чудна ситуација на првиот гренд-слем тениски турнир во сезоната. Сега на Австралија опен по само две одиграни кола, само една тенисерка од Топ-15 носителки знае како се победува на гренд-слем турнир

објавено: 18 јануари 2018 - 17:35

Елиминацијата на Гарбиње Мугуруза и нејзиниот пораз од Су-Веи Си доведе до чудна ситуација на првиот гренд-слем тениски турнир во сезоната. Сега на Австралија опен по само две одиграни кола, само една тенисерка од Топ-15 носителки знае како се победува на гренд-слем турнир.

Јелена Остапенко е актуелна шампионка на Ролан Гарос и само таа е со трофеј од некој од четирите најценети светски тениски турнири. По само две кола веќе испаднаа Венус Вилијамс, Слоун Стивенс и Мугуруза, кои беа високо рангирани како фаворитки, а имаат и гренд-слем титули.

Во игра за трофејот сепак има уште гренд-слем шампионки, покрај Остапенко, а тука се Марија Шарапова и Анжелик Кербер. Тие две комбинирано имаат 7 пехари од сите четири гренд-слема, но ќе мораат да играат меѓусебе за место во осминафиналето во Мелбурн. 

Најново во Други спортови