Со домаќинот за прво место

Бугарите голема пречка за Македонија во Дејвис купот

Домаќинот Бугарија ќе и биде главен ривал на македонската тениска репрезентација во натпреварите од Третата зона, кои ќе започнат утре. Во Пловдив беа одредени составите на двете групи, а во А сегментот се Бугарија, Македонија, Исланд и Албанија

објавено: 3 април 2018 - 14:30

Домаќинот Бугарија ќе и биде главен ривал на македонската тениска репрезентација во натпреварите од Третата зона, кои ќе започнат утре. Во Пловдив беа одредени составите на двете групи, а во А сегментот се Бугарија, Македонија, Исланд и Албанија.

Фаворити за првото место се Бугарите, кои на „хартија“ имаат најсилна репрезентација, иако очекувано нема да игра светската тениска ѕвезда Григор Димитров.

Ќе се игра на терените на тенискиот клуб Локомотив, а Македонија утре стартува со меч против Исланд. За нашата селекција ќе играат Димитар Грабул, Горазд Србљак, Стефан Мицов и Ѓорѓи Јанкуловски.

Само првопласираната селекција оди понатаму, односно ќе игра финале со најдобрата репрезентација од Б групата каде се Андора, Кипар, Монако и Сан Марино.

Најново во Други спортови