НАШИОТ ТЕНИСЕР ВОДЕШЕ СО 6-3 И 3-0, НО НЕ ИЗДРЖА

Челебиќ го запре Јотовски

Падот во втората половина на вториот сет, се покажа како кобен за македонскиот тенисер

објавено: 18 мај 2018 - 14:07

Томислав Јотовски е елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Добој, и така, овој фјучрс турнир остана без македонски претставници. Тенисерот кој идниот месец треба да ја претставува Македонија на Медитеранските игри, во дуелот со Љубомир Челебиќ водеше со 6-3 и 4-2, но тука почна падот и Црногорецот го искористи тоа. Во третиот сет, Челебиќ поведе со 4-2, Јотовски изедначи на 4-4, но последните два гејма му припаднаа на Челебиќ, кој се пласираше во полуфиналето. 

Јотовски и останатите македонски тенисери (Србљак, Мицов и Дургути) кои играа во Добој, остануваат во Босна и Херцеговина, и од понеделник почнуваат со настапи на турнир во Брчко. Јотовски во Брчко ќе биде четврти носител. 

Најново во Други спортови