Нашата тенисерка напредуваше на новата ВТА листа

Четири плус за Лина на ВТА листата

На најновиот ВТА ранкинг нашата тенисерка напредуваше и се врати на 192. позиција која што ја имаше од пред две недели

објавено: 13 февруари 2017 - 17:30

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со напредокот од четири позиции се најде на 192. место на најновата ВТА листа во сингл.

И покрај тоа што не настапуваше никаде во изминатите седум денови, Лина сепак, имаше скок од четири места и се врати на позицијата која што ја имаше пред две седмици.

Нашиот рекет исто така доби позитивни вести и во конкуренција на двојки, и во моментов е под број 137.

Најново во Други спортови