ХРВАТСКИОТ ТЕНИСЕР Е ПРВ ФИНАЛИСТ НА ВИМБЛДОН

Чилиќ на чекор од историскиот успех на Иванишевиќ

Во полуфиналето, Марин со 3:1 во сетови беше подобар од Сем Квери

објавено: 14 јули 2017 - 17:18

Марин Чилиќ ќе игра во финалето на Вимблдон. Хрватскиот тенисер се избори за борба за трофејот, откако со 3:1 во сетови го победи Сем Квери од САД. Чилиќ сега е само на еден чекор од тоа да го достигне постигнувањето на Горан Иванишевиќ, кој е првиот Хрват што има победено на најстариот тениски турнир во светот. 

Чилиќ по голема борба го победи американецот Квери. Првиот сет го доби Квери и тоа по тај-брејк. Иако губеше со 1:0 во сетови, Чилиќ не се разочара, туку продолжи да игра во висок ритам. Вториот сет го доби со 6:4, а во третиот тој се радуваше во тај-брејкот. Решавачки беше четвртиот сет кој заврши со 7:5 за Чилич.

Во финалето, хрватот ќе го чека подобриот од второто полуфинале меѓу Роџер Федерер и Томаш Бердих. 

Најново во Други спортови