МЛАДИОТ ХРВАТ НЕ ГО ИЗДРЖА ПСИХОЛОШКИОТ ПРИТИСОК

Чориќ загуби „добиен меч", Федерер е во финалето!

Роџер федерер стигна до уште едно финале на турнирите од Мастерс 1000 серијата во Индијана велс затоа што пресврт го победи Борна Чориќ со 5:7, 6:4, 6:4...

објавено: 17 март 2018 - 21:55

Борна Чориќ, има што да жали по полуфиналето на турнирот во Индијан Велс и дуелот со светскиот рекет број 1, Роџер Федерер.

Имаше водство младиот Хрват од 1:0 во сетови (го доби првиот со 7:5), имаше и водство во вториот од (4:2), па и во третиот сет од (4:3), и сервис.
Но не успеа да го победи најголемиот.
Швајцарецот на волшебен начин се извади од „тесната ситуација", ги искористи сите слаби моменти на Чориќ во финишот, и поразот го претвори во победа и финале.
За рекордната, шестта титула во Индијан Велс ќе се бори против подобриот во второто полуфинале во кое ќе се сретнат Хуан Мартин Дел Потро и Милош Раонич

Најново во Други спортови