Долго траеше

Чуден тениски маратон - за еден поен разменија 143 удари (Видео)

Полската тенисерка Магдалена Фрич и нејзината противничка од Русија, Амина Аншба одиграа маратонски поен, со размена на дури 143 удари во тај-брејкот за победник на нивниот дуле во Лајпциг

објавено: 18 август 2017 - 13:15

Полската тенисерка Магдалена Фрич и нејзината противничка од Русија, Амина Аншба одиграа маратонски поен, со размена на дури 143 удари во тај-брејкот за победник на нивниот дуле во Лајпциг.

Поуспешна во големиот тениски маратон беше полската тенисерка, а иако разменија неверојатни 143 удари а еден поен, сепак беа далеку од рекорд. 

Џи Хепнер и Вик Нелсон во 1984 година одиграа поен што траеше цели 29 минути, со фантастични 643 удари. 

Најново во Други спортови