Јужнокореецот има сличност со својот идол

Чунг: Велат дека сум копија на Новак, тоа е одлично за мене

Хјеон Чунг го изненади и го елиминира Новак Ѓоковиќ во четвртата рунбда на Австралија опен и тоа е во редот на најголемите сензации во последните изданија на гренд-слемот во Мелбурн. По мечот изјави дека му годи што го сметаат за копија на српскиот тенисер

објавено: 22 јануари 2018 - 14:25

Хјеон Чунг го изненади и го елиминира Новак Ѓоковиќ во четвртата рунбда на Австралија опен и тоа е во редот на најголемите сензации во последните изданија на гренд-слемот во Мелбурн. По мечот изјави дека му годи што го сметаат за копија на српскиот тенисер.

„Велат дека сум копија на Ѓоковиќ. Ако е така тоа е одлично за мене. Ми беше ќест повторно да играм против Новак и задоволен сум што успеав да му се реванширам за поразот овде во 2016 година. Не паничев и не бев нервозен дури и кога Ѓоковиќ се закануваше со пресврт. Успеав да останам мирен докрај и среќен сум што се пласирав во четвртфиналето“, изјави Чунг.

Со 21 година тој е најмладиот тенисер што остана на турнирот и ќе игра за титулата. И има шанса да се пробие и до полуфиналето, бидејќи ривал му е послаборангираниот Тенис Сандгрен.

Најново во Други спортови