НАЈГОЛЕМА ПОБЕДА ВО КАРИЕРАТА НА СЛОВАЧКАТА ТЕНИСЕРКА

Цибулкова ја „прегази“ Кербер за титула од ВТА-финалето

Словачката Доминика Цибулкова го комплетираше фантастичното деби на ВТА-финалето во Сингапур, откако светската тенисерка број 8 со 6:3/6:4 ја победи првата носителка, Анџелике Кербер за неверојатна победа

објавено: 30 октомври 2016 - 14:17

Цибулкова ги загуби првите два меча од натпреварите по групи (од кој еден против Кербер), пред да ја победи Симона Халеп и да се пласира во полуфиналето за да го повтори успехот на шампионката од 2015, Агњешка Радвањска, која исто така триумфираше по 1-2 скор во натпреварите по групи.

Дебитирајќи на турнирот за најдобрите осум тенисерки во календарска година, Цибулкова поведе со 3:0 во првиот сет, по што го освои за 30 минути. 27-годишната  Словачка, коај во полуфиналето во трилер-натпревар ја победи Светлана Кузнецова, го заддржа моментот и во вториот сет, за да ја запечати победата со драматичен поен на мрежа.

Таа го заврши мечот со 83% поени на свој прв сервис и со 28 победнички топки и 14 неизнудени грешки и покрај тоа што играше ризичен тенис.

„Ова е најголемиот момент во мојата кариера. Тешко е да се најдат зборови. Анџелике ми беше пример за тоа како може да се успее оваа година и прекрасно е да се победи во вака големо финале“, призна Цибулкова откако ја доби титулата од Моника Селеш. Цибулкова која ќе ја памети 2016 и по тоа што се омажи во текот на летото.

Руската двојка Елена Веснина и Екатерина Макарова исто така стигна до нивната деби-титула на ВТА-финалето, откако со 7:6(5)/6:3 ги победија Американката Бетани Матек-Сендс и Чехинката Луцие Шафарова. Олимпискиот шампиони загубија брејк кога сервираа за првиот сет при 5:4, но се вратија да го освојат тај-брејкот и потоа да направат еден брејк за титула. 

Најново во Други спортови