Недела е резервирана за финалиња на АТП турнирите

Цонга, Дел Потро и Џумхур слават тениски титули

Жо Вилфред Цонга и Хуан Мартин Дел Потро освоија вредни тениски титули со победи во финалните мечеви денеска без загубен сет, а најтешко до трофеј по битка во три сета стаса Дамир Џумхур

објавено: 22 октомври 2017 - 22:04

Жо Вилфред Цонга и Хуан Мартин Дел Потро освоија вредни тениски титули со победи во финалните мечеви денеска без загубен сет, а најтешко до трофеј по битка во три сета стаса Дамир Џумхур.

Тенисерот од БиХ мораше да игра максимален број на сетови во завршниот меч во Москва, на Кремљ купот, а најде рецепт да го совлада Рикардас Беранкис од Литванија со 6:2, 1:6, 6:4.

Цонга стаса до четвртиот трофеј сезонава и 2017 година му е најпродуктивна во кариерата, а сега има вкупно 16 титули. Во финалниот меч во Антверп со 6:3 и 7:5 францускиот тениски ас го победи Диего Шварцман од Аргентина.

Нова титула освои и популарниот Делпо, откако го надигра Димитров во финалето во Стокхолм со 6:4 и 6:2.

Најново во Други спортови