ДЕНЕСКА ДВЕ ФИНАЛИЊА НА АТП ТУРНИРИ ВО ЕВРОПА

Цонга го освои Монпеље, Медведев најдобар во Софија

Французинот во финалето беше поуспешен од сонародникот Пјер-Иго Ербер со 2:0

објавено: 10 февруари 2019 - 18:33

Жо-Вилфред Цонга е победник на АТП турнирот од серијата 250 во Монпеље. Францускиот тенисер беше подобар од својот сонародник Пјер-Иго Ербер со 2:0 по сетови 6:4, 6:2. 

Ова беше 17. титула за Цонга во својата кариера. 

На турнирот во Софија, славеше Данил Медведев. Русинот во финалето беше подобар од унгарскиот тенисер Мартон Фушович со 2:0 (6:4, 6:3) и со тоа го освои четвртиот турнир во АТП. 

Најново во Други спортови