ВИСОК ПОРАЗ ВО ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ

Дате Крум ја заврши кариерата со 6:0/6:0 пораз!

Кимико Дате Крум го одигра својот последен тениски меч во вторникот, губејќи од Србинката Александра Круниќ со 6:0/6:0 во првото коло на Јапонскиот опен

објавено: 12 септември 2017 - 17:25

46-годишната Јапонка, која се повлече во 1996 година, пред да се врати на тенисот во 2008, најави дека домашниот турнир и е последен во кариерата, откако повторно има болки во коленото и рамото. Таа имаше втора операција на коленото во април 2016 година.

„Не можев да ја играм мојата игра, но се обидов да победам. За мене мечевите во Токио секогаш ќе бидат посебни. Фановите ме поддржуваат и секако сите пријатели се тука до мене“, вели Дате Крум.

Дате освои осум ВТА титули и стигна до полуфиналињата на Австралискиот опен, Ролан Гарос и Вимблдон. Нејзин најдобар рејтинг во кариерата беше 4. место на крајот на 1995 година, зад Штефи Граф, Моника Селеш и Аранча Санчез-Викарио. 

Најново во Други спортови