Сефте настап и веднаш има меч за трофејот

Дебитантско финале во Лондон - Димитров против Гофан за титула на завршниот Мастерс

Григор Димитров ќе го предизвика Давид Гофан во финален меч на двајца дебитанти во мечот за титулата на завршниот Мастерс турнир што се игра во Лондон

објавено: 18 ноември 2017 - 23:20

Григор Димитров ќе го предизвика Давид Гофан во финален меч на двајца дебитанти во мечот за титулата на завршниот Мастерс турнир што се игра во Лондон.

Бугарскиот тенисер вечерва го победи Џек Сок со 4:6, 6:0 и 6:3 и утре ќе се обиде да го заврши турнирот без пораз за вредната титула на турнирот со оумтте најдобри тенисери.

Во „О2“ арената во Лондон, бугарскиот тенисер лошо започна и го загуби првиот сет од Американецот, кој исто така атакуваше на своето прво финале на овие турнири.

Но, Димитров брзо се врати во ритам и израмни без загубен гем со 6:0. Во решавачкиот сет во вистинско време направи брејк за 5:3, но потоа како да се исплаши од настап во финалето и му даде шанса на ривалот да го врати брејкот. Од 40:15 на свој сервис, Димитров се најде во негатива и на една топка до губење на предноста. Сок стаса до предност, но не успеа, а бугарскиот тенисер ја искористи третата меч топка и се пласира во финалето кое ќе се игра утре од 19 часот.

Најново во Други спортови