СРБИНОТ ЌЕ СЕ РЕХАБИЛИТИРА

ДЕФИНИТИВНО: Без Ноле во Мајами

Поради повредата на лактот српскиот тенисер нема да биде во прилика да ја брани круната на вториот Мастерс турнир во сезоната.

објавено: 19 март 2017 - 14:00

По серијата на лошите резултати, уште една непријатна вест доаѓа од таборот на Новак Ѓоковиќ. Моментално вториот тенисер во светот ќе го пропушти и официјално, Мастерсот во Мајами кој почнува следната седмица.

Наместо во Мајами, Ѓоковиќ си замина од Индијан велс со приватен авион кон Монте Карло, поради нови прегледи на проблематичниот десен лакт.


За време на овој турнир Ноле имаше големи проблеми со оваа повреда која ја влече подолго време, поради што и многу тешко ги враќаше најсилните противнички сервиси. Тоа беше посебно видливо на мечот со Ник Кирјос, кој го загуби без да направи ниту еден брејк.
Бидејќи нема да ја брани втората титула во Мастерс серијата, Ѓоковиќ ќе загуби уште 1.000 поени, но ќе остане на втората позиција.

Навистина, Енди Мареј сака да игра на Флорида каде има и своја куќа, би побегнал уште повеќе. Дури и преку 5.000 поени, секако во случај на триумф, со што практично би ја осигурал позицијата број 1 до крајот на сезоната.

 

Најново во Други спортови