СИТЕ СО МИСЛИТЕ КОН ВИМБЛДОН

Дел Потро и Еванс се повлекоа од Квинс

Хуан Мартин дел Потро и Ден Еванс се последните тенисери кои се повлекоа од Аегон шампионатот во Квинс Клаб следната недела поради повреди

објавено: 16 јуни 2017 - 17:20

Дел Потро загуби во третото коло ан Францускиот опен, турнир на кој се мачеше со повреда на бутниот мускул. 28-годишниот Аргентинец уште не се опорави и вели дека ќе мора да одмара со надеж дека же се врати на Вимблдон.

Турнирот го загуби и британскиот број 3, Еванс, кој се повреди на турнирот во Сарбитон минатата недела и затоа не настапи на турнирот во Нотингем.

Претходно, новокрунисаниот шампион од Ролан Гарос, Рафаел Надал се повлече од турнирот за да добие доволно одмор пред Вимблдон.

Најново во Други спортови