ПОРАНЕШНИОТ ШАМПИОН ВО ФАНТАСТИЧНА ФОРМА ВО ЊУЈОРК

Делпо сè подобар, Плишкова спасуваше меч-поен

Поранешниот шампион од УС опен, Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро влезе лесно во четвротото коло за дуел со Доминик Тим, додека светската тенисерка број 1, Каролина Плишкова спаси меч-топка за победа

објавено: 2 септември 2017 - 22:35

24. носител лесно со 6:3/6:3/6:4 за нешто повеќе од два часа го совлада 11. носител, Шпанецот Роберто Баутиста Агут. Дел Потро победи на УС опен во 2009 година, кога успеа да ги победи Рафаел Надал и Роџер Федерер на патот до титулата, а играше во четврт-финалето и во 2008, 2012 и 2016 година.

Шестиот носител Тим исто така имаше малку проблеми за пласман во четвртото коло, откако со 7:5/6:3/6:4 го совлада Французинот Адријан Манарино. Австриецот, кој двапати беше полуфиналист на земјата на Ролан Гарос, третпат влегува во четвртото коло во Њујорк.

 

Светската тенисерка број 1, Каролина Плишкова мораше да спасува меч-поен пред да стигне до борбена 3:6/7:5/6:4 победа над Кинеската Женг Шуаи. Плишкова, која лани играше во финалето во Њујорк, во второто коло исто така играше во три сета против Американката Никол Гибс.

„Губев со меч-поен и мислев дека е добро да се обидам со форхенд на линијата. Можев да немам следна шанса. Беше навистина тешко“, вели Плишкова, која останува во игра да го задржи првото место и по турнирот, бидејќи се бори само со шампионката од Вимблдон, Гарбиње Мугуруза и Украинката Елина Свитолина.

Шампионката од Ролан Гарос, Јелена Остапенко го загуби дуелот со уште една талентирана млада тенисерка, 20-годишната Русинка Дарја Касаткина со 6:3/6:3. Касаткина во еден момент освои 11 гема во низа.

 

УС ОПЕН - ФЛЕШИНГ МЕДОУЗ, ЊУЈОРК, 3.КОЛО

МАЖИ

(6) Тим (Авт) - (30) Манарино (Фра) 7:5/6:3/6:4

(24) Дел Потро (Арг) - (11) Баутиста Агут (Шпа) 6:3/6:3/6:4

(33) Колшрајбер (Гер) - Милман (Авс) 7:5/6:2/6:4

Долгополов (Укр) - Троицки (Срб) 6:1/6:0/6:4

ЖЕНИ

(1) Кар.Плишкова (Чеш) - (27) Жанг (Кин) 3:6/7:5/6:4

Касаткина (Рус) - (12) Остапенко (Лет) 6:3/6:2

Шафарова (Чеш) - Нара (Јап) 6:3/6:2

Канепи (Ест) - Осака (Јап) 6:3/2:6/7:5

Најново во Други спортови