ЛИНА ЃОРЧЕСКА СО ПРВА ПОБЕДА НА ГРЕНД СЛЕМ ТУРНИРИТЕ

Денот почна супер: Ечеше Македонија, Македонија, во Мелбурн (Видео)

Македонската најдобра тенисерка со 2:1 во сетови ја совлада Саша Викери од САД и се пласираше во второто квалификациско коло на Австралија Опен. Вечерва следува настапот на ракометарите, кои го играат првиот меч на Светското првенство во Франција, а противник е Тунис

објавено: 12 јануари 2017 - 08:49

Најдобрата македонска спортистка за 2016 година, Лина Ѓорческа покажа дека е во одлична форма. Ѓорческа стигна до првата историска победа, откако со 6:2, 3:6, 6:3 славеше во дуелот со Американката Саша Викери, во првото квалификациско коло на Австралија Опен. 

Ова е прва победа за една македонска тенисерка на гренд слем турнир. Според обложувалниците, Лина беше аутсајдер на овој меч, но со одлична игра на теренот покажа дека може да се носи и со тенисерка која е рангирана на 135 место на ВТА листата. 

По последниот поен и победата на Ѓорческа, на теренот број 22 во Мелбурн, одекна „Македонија, Македонија“. Во второто квалификациско коло, нашата најдобра тенисерка ќе игра против Далма Галфи од Унгарија, која е рангирана на 160 позиција на ВТА листата. 

Најново во Други спортови