Прва титула за Македонката во 2017 година

Дубл круна за Лина во Каљари

Македонската тенисерка заедно со Американката Бернарда во финалето славеа со 6:2, 6:3 против Томбаре и Вакано на фјучр турнирот во Каљари

објавено: 1 април 2017 - 19:29

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја освои титулата во конкуренција на двојки на фјучр турнирот во Каљари, Италија, вреден 25 илјади американски долари.

Нашиот рекет во финалето заедно со Американката Пера Бернарда со 6:2, 6:3 беа подобри од третите носителки Прартана Томбаре од Индија и Ева Вакано од Холандија.

Ова е прва титула за нашата најдобра тенисерка, која на нареднот ВТА ранкинг ќе добие нови 50 поени.

Најново во Други спортови