Македонката имаше пад на најновиот ранкинг

Двоен „минус“ за Лина на ВТА

Нашата најдобра тенисерка на последниот ранкинг се наоѓа на 200. место во сингл, додека во конкуренција на двојки е под број 136

објавено: 17 април 2017 - 10:55

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пад во двете конкуренции на ВТА најновиот ВТА ранкинг.

Во поединечниот дел, Лина имаше минус од девет места и со тоа се најде под број 200 со 257 поени.

Ѓорческа и покрај добриот настап на ВТА турнирот во Бил во конкуренција на двојки имаше пад од една позиција и во моментов е 136 рекет во светот со 559 поени.
Македонката останува во Швајцарија и по настапот на ВТА турнирот во Бил, ќе биде активна на фјучрс турнирот во Кијасо вреден 25 илјади американски долари.

Најново во Други спортови