ИАКО ШВАЈЦАРЕЦОТ СЕГА Е 16. НА АТП-ЛИСТАТА

Едберг: Федерер уште ќе биде опасен

Роџер Федерер испадна од топ 10 првпат од 2002 година, меѓутоа се уште може да освои гренд слем титула, вели шведскиот великан Штефан Едберг

објавено: 7 ноември 2016 - 15:30

На понеделничката рејтинг-листа најзначителна работа секако беше смената на првото место - Енди Мареј по 122 недели го симна Новак Ѓоковиќ од врвот, меѓутоа имаше и една промена која помина со помалку внимание. Роџер Федерер падна на 16. место на АТП-листата.

Швајцарецот ја заврши својата сезона во јули за да може да се опорави од операцијата на коленото и најавува враќање на тенисот на Австралискиот опен во јануари. Со своите 35 години, многумина сметаат дека шансите за голем успех се мали, посебно бидејќи последната гренд слем титула ја освоија на Вимблдон во 2012 година.

Но, поранешниот светски број 1, Едберг, кој му беше тренер на Федерер не се согласува.

„Мислам дека во последните години требаше да освои барем еден гренд слем. Беше толку блиску. Сега е уште потешко, бидејќи е уште постар, но има надеж. Ако постои тенисер кој може да го направи тоа, тоа е Роџер. Мислам дека најголемиот предизвик ќе биде емотивен“, вели Федерер.

Најново во Други спортови