СЕРЕНА ПОКАЖА ЗОШТО Е ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ ТЕНИСЕРКИ

Едвај го преживеа породувањето, а сега повторно победува

Во првиот меч по пауза од повеќе од шест месеци, Американката го помина првото коло на Индијан Велс

објавено: 9 март 2018 - 12:30

На 1 септември минатата година, Серена Вилијамс преживеа вистинска семејна драма. Американската тенисерка имаше тешко породување, па некои пишуваа дека дури едвај преживеала, а на свет ја донесе ќеркичката Алексис Олимпија. 

Серена немаше играно во поединечна конкуренција, уште од финалето на Австралија Опен минатата година. Тоа мирување заврши со почетокот на турнирот во Индијан Велс. Искусната 36-годишна тенисерка го помина првото коло, откако со 7:5, 6:3,  ја победи Зарина Дијас од Казакстан.

„Малку сум „зарибала“. Не ми беше лесно во првиот меч во поединечна конкуренција по толку голема пауза. Сепак на крајот излезе добро“, рече Американката по мечот. 

Вилијамс, која во кариерата освои 23 гренд слем титули, за нареден ривал на турнирот во Индијан Велс ќе ја има Кики Бертенс од Холандија. 

 

Најново во Други спортови