Нашата тенисерка го заврши настапот во првото коло

Експресен „стоп“ за Лина во Гренобл

Македонската тенисерка во првото коло од поединечната конкуренција загуби од Катинка вон Дајхман со 2:0 во сетови

објавено: 31 јануари 2017 - 20:36

Најдобрата македонска тенисрка Лина Ѓорческа како осми носител го заврши настапот на фјучр турнирот во Гренобл, Франција, вреден 25 илјади американски долари.

Лина во првото коло беше елиминирана од Катинка вон Дајхман со 6:3, 6:3 и мораше неочекувано брзо да го заврши својот настап иако важеше за фаворит. Иако Ѓорческа поведувајќи со 2:0 во гејмови, тргна одлично, сепак, противникот ги освои наредните пет и направи комплетен пресврт.

Ниту играта во вториот сет не беше на потребното ниво за пласман понатаму.
Ова е неуверлив настап за Лина по одличната претстава во Австралија каде што за малку не успеа да дојде до првото коло.

Најново во Други спортови