И ОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА ОД ШКОТСКИОТ ТЕНИСЕР

Енди Мареј: Не сум спремен, не играм во Австралија

Некогашниот број 1 во светскиот тенис, и официјално се повлече од учеството на Првиот Грен Слем турнир во новата година.

објавено: 4 јануари 2018 - 10:00

Енди Мареј нема да биде дел од првиот Грен слем турнир во новата тениска сезона – Австралијан Опен.
Шкотскиот тенисер и официјално објави дека не е доволно подготвен за напорите кои со себе ги носи играњето на еден од најважните турнири во годината.
Повредата на колкот поради која пропушти половина од ланската сезона го тера да „одмори" уште извесен период.

„За жал, оваа година нема да играм во Мелбурн затоа што не сум подготвен да се натпреварувам. Наскоро ќе си заминам дома, за да ги разгледам сите можности кои ги имаме. Се надевам дека наскоро ќе бидам на теренот, благодарам за сите пораки на подршка"- порача Мареј во краткото соопштение до јавноста.

Ова ќе биде негово прво отсуство од овој значаен турнир од 2005 година, а втор голем турнир од Грен слем серијата на кој исто така не игра. Претходно го откажа настапот на Ју-ес Опенот во Њујорк.
Претходно, од овој турнир на „зелениот континент" се откаќа и Јапонецот Кеи Нишикори, а сеуште се чекаат официјалните потврди од Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Серена Вилијамс.

Најново во Други спортови