ОТКАКО ЈА ОСВОИ АВСТРАЛИЈА

Федерер бира: Ќе го прескокне играњето на земја и Роланд Гарос?

Швајцарецот сеуште не одлучил дачи ќе учествува на турнирот во Дубаи кој е на програмата од 26 февруари до 3. март...

објавено: 31 јануари 2018 - 16:30

Минатиот викенд, со победата против Марин Чилиќ во финалето на Австралија Опен, Роџер Федерер стигна до својата 20 Грен слем титула во кариерата, а со оглед на не баш малиот број на години, наголемо ги прави плановите за продолжението на ова сезона.

„Преговарам со организаторите на турнирот. Кога почна турнирот во Австралија дали можам да ја донесам одлуката по завршувањето на турнирот. Тоа беше совршено сценарио за мене затоа што после турнирот во Мелбурн ќе знам како се чувствувам, и дали постои било каква повреда Освен тоа, морам да одлучам и за сезоната на земја, а тоа се меѓусебно поврзани работи. Можеби некаде ќе играм, а можеби некое време ќе одморам"- вели 36. годишниот тенисер.

Зависно од резултатите на Швајцарецот во Дубаи за прв пат по 2012 година би можел да се врати на првото место на АТП листата.
Инаку, минатата година „Федекс" ги пропушти сите турнири на земја, вклучително и Ролан Гарос, а подоцна го освои турнирот на Вимблдон

Најново во Други спортови