И НА 36 ГОДИНИ Е НАЈДОБАР НА СВЕТОТ

ФЕДЕРЕР Е ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН: По четвртти пат со светската круна (ВИДЕО)

Легендарниот тенисер од Швајцарија од денеска е повторно прв на АТП листата каде се наоѓаше и во три поранешни периоди, последен пат пред повеќе од пет години...

објавено: 19 февруари 2018 - 16:05


На најновата АТП листа Роџер Федерер го симна од врвот својот голем ривал Рафаел Надал. Швајцарецот сега има 10.105 бода додека сјајниот Шпанез е сега втор со 9.760 бодови.

Во неделата Федерер на импресивен наин го победи Бугаринот Григор Димитров во финалето на турнирот во Ротердам, но местото број 1 тенисер на светот го обезбеди порано, уште со пласманот во полуфинаето на турнирот од „серијата 500".

Па така 36 годишниот швајцарски тенисер стана најстариот играч кој успеал да стигне до првото место на светот, а од 19. февруари, 2018 година почнува да тече неговата 303 недела на врвото на АТП листата.
Човекот од Базел за прв пат стана светски рекет број еден на 2. февруари 2004 година, и на тоа место остана се до 17 август 2008.
Се враќаше на таа позиција уште од 6. јули 2009 до 6.јуни 2010, како и од 9. јули 2012 до 4. ноември 2012 година.
Од почетокот на 2018 година го има освоено Австралиан Опен, како и овој турнир во Ротердам со импресивен скор 12-0.
И покрај поразот, Димитров „скокна" едно место, и сега е на позицијата број 4 веднаш зад Хрватот Марин Чилиќ, додека петти е Алекасндер Зверев.

Најново во Други спортови