Швајцарецот е неверојатен

Федерер ги гази помладите и си ги подобрува рекордите

Роџер Федерер е неверојатен и во 36. година од животот игра блескаво и е ги гази помладите од себе. Ноќеска со 2:0 во сетови го победи Хјон Чунг и е си израмни рекорд по бројот на победи во серија на старт од сезона

објавено: 16 март 2018 - 11:00

Роџер Федерер е неверојатен и во 36. година од животот игра блескаво и е ги гази помладите од себе. Ноќеска со 2:0 во сетови го победи Хјон Чунг и е си израмни рекорд по бројот на победи во серија на старт од сезона.

Федерер е во полуфиналето на Индијан Велс и ако го победи и Борна Чориќ ќе има 17 победи во низа во почетокот од новата сезона што ќе му биде личен рекорд.

Со пласманот во полуфиналето Швајцарецот си го зачува првото место на светската ранг-листа, а сега е на два чекори до одбрана на титулата во Индијан Велс.

Најново во Други спортови