ДА СЕ ЗНАЕ КОЈ Е КОЈ

Федерер го „испи" Сок

На стартот на завршниот турнир од Мастерс серијата во Лодон, швајцарскиот великан славеше сигурен триумф над Џек Сок со (2:0).

објавено: 12 ноември 2017 - 19:35

„О2" Арената во Лондон е местото каде ќе го дознаеме победникот на Мастерс серијата.

А ако се суди според почетокот на турнирот, тогаш јасно е дека Роџер Федерер останува еден од главните фаворити за големиот трофеј.
Легендсрниот Швајцарец во два сета беше подобар од Американецот Џон Сок во првиот меч од групата „Борис Бекер", со (6:4 и 7:6).
На овој завршен собир следни на ред се да настапат Хрватот Марин Чилиќ и Германецот Александер Зверев.
Додека пак натпреварите во „Пит Сампрас" делот се на програмата во понеделник.
Ќе играат Доминик Тим-Григор Димитров, односно Рафаел Надал и Давид Гофан.

Најново во Други спортови