ВО ОСМИНАФИНАЛНИТЕ ДУЕЛИ НА ИНДИЈАН ВЕЛС

Федерер го преслуша Надал, Ѓоковиќ испратен во аут

Швајцарецот игра како во најдобри денови и лесно го победи Рафаел, додека Новак втор пат во кратко време загуби од Ник Киргиос

објавено: 16 март 2017 - 08:16

Роџер Федерер за прв пат во кариерата успеа да „врзе“ три победи во низа, во дуелите со Рафаел Надал. Во ривалитетот кој трае дури 36 натпревари, Швајцарецот прв пат е во низа од три триумфи. „Хет-трикот“ беше направен на Индијан Велс, во осминафиналната пресметка.

Федерер многу лесно со 6:2, 6:3 славеше над Шпанецот и потврди дека триумфот во финалето на Австралија Опен не бил случаен. Цели 13 години трае ривалството на овие двајца тенисери, а Федерер има вкупно 13 победи во 36 мечеви.

„Одиграв добар меч и задоволен сум“, рече Федерер.

Елиминација на Индијан Велс доживеа и Новак Ѓоковиќ. Србинот забуги од Ник Киргиос со 4:6, 6:7. Ова е втор пат за кратко време, младиот Австралијанец да го победи Ноле. Ѓоковиќ имаше низа од 19 победи по ред на овој турнир и се надеваше дека ќе стигне до четвртата титула во низа, но овојпат беше сопрен од Киргиос.

Најново во Други спортови