ШВАЈЦАРСКО ФИНАЛЕ ВО ИНДИЈАН ВЕЛС

Федерер и Вавринка за титулата во калифорниската пустина

Шампионот на Австралија опен Роџер Федерер ја задржа одличната форма, во два сета го совлада Американецот Џек Сок (6-1 и 7-6) и стигна до уште едно финале во кариерата. Во недела за титулата против земјакот Стен Вавринка.

објавено: 18 март 2017 - 22:15

Иако има 35 полни години, се чини дека Роџер Федерер го игра најдобриот тенис во кариерата. Како игра на турнирот во Индијан велс вели и податокот дека во полуфиналната средба му беа потребни само 21. минута да му го земе првиот сет на Американецот Џек Сок (6-1), а потоа рутинерски да го одработи и тајбрејкот (7:4), и да закаже швајцарско финале во калифорниската пустина.


А во големото финале и битката за нова титула, Федерер, кој е деветти носител на овој турнир од Мастерс серијата ќе се сретне со третиот носител, Стен Вавринка, кој нешто порано го демолираше Пабло Карено Буста од Шпанија во два сета со (6-3 и 6-2).

Најново во Други спортови