ОЧЕКУВАНА ОДЛУКА НА ШВАЈЦАРЕЦОТ

Федерер ќе го „прескокне“ Синсинати, Надал број 1 од понеделник

Мастерсот во Синсинати ќе го има можеби најслабиот состав во последните десетина години, откако и Роџер Федерер реши да не игра поради мала повреда на грбот

објавено: 14 август 2017 - 18:40

По повлекувањето на Стен Вавринка и Новак Ѓоковиќ, кои ја прекратија сезоната поради посериозни повреди, светскиот број 1, Енди Мареј најави дека нема да игра, по што се откажаа и актуелниот шампион Марин Чилиќ и Јапонецот Кеи Нишикори.

Сега, организаторите остануваат и без Роџер Федерер, кој во неделата загуби во финалето во Монтреал од Александер Зверев. Федерер не можеше да сервира со полна сила и сега вели дека ќе мора да паузира пред УС опен.

„Жал ми е што нема да играм во Синсинати бидејќи секогаш уживав таму. Синсинати ги има можеби најдобрите фанови на светот, но ќе мора да паузирам оваа недела“, вели Федерер.

Со ова прв фаворит на турнирот несомнено е Рафаел Надал, кој ќе има шанси да стане светски број 1 од следниот понеделник.

Најново во Други спортови