ШВАЈЦАРЕЦОТ Е ПРВ ФАВОРИТ ЗА ВИМБЛДОН КАЈ ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ

Федерер: Мареј е уморен и се мачи со повреди

Роџер Федерер верува дека светскиот рекет број 1, Енди Мареј има проблеми со повреди откако го освои првото место на АТП-листата

објавено: 23 јуни 2017 - 21:30

Федерер зборуваше по сопствената пауза од 11 недели во која ја прескокна сезоната за земја за да биде подготвен за Вимблдон.

„Енди беше многу уморен откако го освои првото место на АТП-листата, и очигледно има проблем со повредите“, вели Федерер.

Мареј загуби во првото коло на Квинс Клаб турнирот од светскиот број 90., Џордан Томпсон, а на Ролан Гарос беше исфрлен во полуфиналето од Стен Вавринка. Поради слабата форма на Мареј и Новак Ѓоковиќ, 35-годишниот Федерер е прв фаворит за титулата на Вимблдон, нешто што го признаа и обложувалниците.

„Мислам дека вториот дел од сезоната ќе биде клучен за Енди, но и за Новак“, вели Федерер.

Најново во Други спортови