ШВАЈЦАРЕЦОТ ИМА СИЛНА ПОДДРШКА

Федерер: Мирка верува во мене

Освојувачот на рекордни 17 гренд слем титули, Роџер Федерер, вели дека се надева на големи работи во 2017, бидејќи и неговата сопруга Мирка верува во тоа

објавено: 31 октомври 2016 - 16:45

Во интервју за „Швајцер илу“, Федерер зборува за улогата и важноста на неговата сопруга Мирка, со која се заедно од април 2009 и со која имаат четири деца, ја има во неговата кариера.

„Таа едвај чека да ме види здрав на теренот повторно. Таа верува во мене и тоа ми дава сила. Ќе ме види пет минути и веднаш знае што не чини. Веќе неколку пати ја прашував дали верува дека сè уште можам да победувам на големите турнири, и таа искрено ми одговара дека верува во мене. Таа е искрена и ќе ми кажеше ако се сомнева“, вели Федерер.

2016 година беше лоша година за Федерер, откако поради повреда на коленото се нема натпреварувано од јули.

„Паузата не беше толку лоша. Ова лето поминав многу време со моите деца, малку повеќе со момчињата.  Важно е да им се даде внимание“, додава Федерер.

Најново во Други спортови