КОНКУРЕНЦИЈАТА НОСИ САМО ДОБРО

ФЕДЕРЕР: Моите одлуки не зависат од Новак и од Рафа

Најдобриот тенисер на светот Роџер Федерер истакнува дека атмосферата на турнирите е потполно поинаква кога на нив учествуваат и Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал...

објавено: 13 март 2018 - 12:45

Роџер Федерер ја брани титулата на првито Мастерс во новата сезона во Индијан Велс, и засега добро му оди и таа работа...

Новост, барем во американскаата пустина е дека „се појави", макар и за кратко Новак Ѓоковиќ, но не и Рафаел Надал.

„Кога се Новак и Рафа на турнирор, атмосферата е поинаква" - истакува Федерер.„Не знам точно каква повреда имаше Новак, Иако добро се знаеме, не го има скоро видено. Она што можам да кажам е дека не е стонастотно подготвен. Се обиде да ја избегне операцијата, која секогаш е последна опција. Се надевам дека ќе се опорави, исто како и Вавринка, Нишикори и Мареј".

Федерер беше прашан и дали неговата одлука на играње на земја ќе зависи од „формата на Рафа Надал", Швајцарецот одговори:

„Не, сеуште не сум смислил,но моите одлуки не зависат само од распоредот на Рафа или на Новак. Се зависи од тиа дали сака и како се чувствувам. Прилично сум сигурен дека ја унапредив бекхенд играта. Но не знам колку тоа може да ми помогне во играта против Рафа на земја. Онаа на која тој одлично се движи. Долго време не сме играле на таа подлога, и секако би сакал да се сретнеме во меч на три добиени сета"- дополнува „Федекс" кој во осминафиналето на Индијан велс за противник го има Французинот Жереми Шарди.

А за да остане на првото место на АТП листата потребно му е да дојде најмалку до полуфиналето.

Најново во Други спортови