РАЗЛИЧНО РАСПОЛОЖЕНИЕ КАЈ ДВАЈЦАТА ШВАЈЦАРЦИ

Федерер најави дека сака уште трофеи, а Вавринка се расплаче

Легендарниот тенисер вели дека сезонава е подготвен да се радува на уште пехари

објавено: 20 март 2017 - 00:27

Роџер Федерер игра како во најдобрите денови. По освојувањето на Австралија Опен, сега се радува и на трофејот на Индијан Велс. Со 35 години и седум месеци е најстар освојувач на еден ваков турнир. Ветеранот воопшто не размислува да прекине, туку најави освојување на уште турнири. 

„Благодарам. Се надевам дека телото ќе ми издржи да играм на исто ниво. еден од омилените турнири. Пред 17 години прв пат дојдов тука и мило ми е што сега си заминувам како победник. Се надевам дека ќе продолжам да играм на ова ниво и дека ќе освојувам уште многу турнири сезонава. Едвај чекам да се вратам тука и следната година", рече Федерер по освојување на титулата во Индијан Велс.

Финалистот Вавринка не можеше да ги задржи емициите и заплака додека го примаше признанието за финалист на турнирот. 

„Уморен сум по 10 дена играње. Честитки за Роџер. Убаво е да се види како игра на вакво ниво во сите овие години. Ќе го памтам турнирот по тоа дека сум бил финалист во 2017 година и ќе ми биде полесно“, рече Вавринка.

Најново во Други спортови