ШВАЈЦАРЕЦОТ ЗНАЕ ДА НАПРАВИ ВИСТИНСКО ШОУ

Федерер облече килт и пак го победи Мареј (Видео)

Роџер одигра хуманитарен меч против Шкотот во Глазгов

објавено: 8 ноември 2017 - 09:00

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер приреди уште едно незаборавно шоу. Швајцарецот се појави на хуманитарен меч во Глазгов, против домашниот тенисер Енди Мареј и направи потег за памтење. 

Федерер облече килт и така одигра неколку поени, што наиде на воодушевување кај публиката. Неодамна Федерер изјави дека би облекол и сукња и така би играл, но нема ниедно парче таква облека. Сепак, една госпоѓа од публиката му подари килт (традиционална машка носија во Шкотска), а Роџер не се двоумеше многу. 

Го облече килтот и продолжи да игра. Публиката со аплаузи го одобри овој потег. Откако одигра еден гем, Федерер го соблече килтот и го врати на госпоѓата.

(шоуто на Федерер е по 3 минута на видеото)

Најново во Други спортови