ШВАЈЦАРЕЦОТ ИСПИША УШТЕ ЕДНА ИСТОРИЈА

Федерер: Ова е магично, следната година сакам да го бранам тронот

„Продолжив да верувам и да сонувам и еве сум сега тука, да го кренам осмиот трофеј“, рече шампионот на Вимблдон

објавено: 16 јули 2017 - 17:13

Роџер Федерер уште еднаш ги помести границите на тениската игра. Тој стана најстариот тенисер кој триумфирал на Вимблдон и прв кој успеал осум пати да го крене победничкиот трофеј. Швајцарецот играше феноменално во текот на целиот турнир, што зборува и фактот дека не загуби ниту еден сет.  

„Се чувствувам одлично. Во текот на целиот турнир не загубив ниту еден сет. Тоа е магично. Премногу е. Не бев сигурен дали ќе играм тука, по поразот од минатата сезона. Имав и тешки моменти. Тогаш загубив од Новак. Сепак продолжив да верувам и да сонувам и еве сум сега тука, да го кренам осмиот трофеј. Фантастично е. Се надевам дека следната година ќе се вратам тука, за да го бранам тронот“, рече Федерер. 

Најново во Други спортови